Фергусон задоволен од победата над Ајакс
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е задоволен од победата над Ајакс на Амстердам Арената.
Манчестер Јунајтед со 2-0 победи на гостувањето кај Ајакс и веќе може да се смета за 1/8 финалист во Лига Европа.
Сер Алекс Фергусон е задоволен од резултатот иако не е премногу импресиониран од перформансите на својот тим.
"Резултатот беше подобар од перформансите" - изјави Фергусон по натпреварот.
"Првото полувреме беше разочарувачко. Тешко го наоѓавме нашиот ритам и брзина на играта. Ајакс многу добро ја контролираше топката и играа убав фудбал".
"Требаше да се разбудиме во второто полувреме и тоа го направивме, бевме подобри и создадовме неколку добри шанси".
"Заслужено победивме и не можете да се жалите премногу кога ќе победите со 2-0 на гостински терен".
"Во ова натпреварување има некои многу добри тимови, но мислам дека имаме добар состав за да атакуваме на титулата".
