Сити ќе се жали до УЕФА поради расистички навреди на адреса на Балотели

Манчестер Сити ќе испрати официјален допис до УЕФА, откако фановите на Порто вчера упатиле расистички навреди на адреса на Марио Балотели и Јаја Туре
’Граѓаните’ го известиле делегатот на УЕФА на вчерашната средба против Порто за намерата да достават официјален допис, а жалбата до Европската куќа на фудбалот ќе стигне денеска.
 
Манчестер Сити се одлучил на еден ваков чекор откако Балотели се пожалил дека бил цел на навредливи скандирања, а истото го потврдил и Јаја Туре.
 
По финишот на средбата, Роберто Манчини рече дека не ги слушнал навредливите скандирања, но Балотели и Туре посочиле дека биле цел на ’мајмунски извици’.
 
За целиот инцидент, Јаја Туре рече: “Слушнав нешто.“
 
“Затоа сите ја сакаме Премиерлигата, таму никогаш не се случува вакво нешто. Можеби во некои земји не очекуваат црномурести фудбалери.“
 
“Мислам дека во иднина работите ќе бидат подобри, тие ќе го променат ставот и фудбалот ќе биде поотворен.“
 
“Фудбалот е фудбал и фановите доаѓаат за да ужуваат во натпреварот, и не сакаме вакви работи да се случуваат.“
 
“Марио сега е способен да реагира правилно при вакви работи, и тоа е многу важно за клубот.“

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1444
Баерн Минхен [46.40%, 670 гласови]
Челзи [53.60%, 774 гласови]