Мурињо: Лудост е да мислиме дека Барса ќе заостанува 15 бода
Реал Мадрид во овој момент има +10 во однос на лутиот ривал Барселона, и се чини дека Кралевите ќе стават крај на доминацијата на Каталонците во Ла Лига.
Некои весници веќе почнаа да се занимаваат со тоа кога Реал ќе стигне до титулата, и се говори за можноста Реал Мадрид да пристигне на Камп Ноу во рамките на средбите од 35. коло како нов шампион на Шпанија.
“Би сакал уште утре да ја освоиме титулата, но тоа не е возможно.” – рече Мурињо на денешната прес-конферанција.
“Мислам дека исто така невозможно е да пристигнеме на Камп Ноу како нов шампион на Шпанија.”
“Мислам дека е глупост да се мисли дека Барса ќе има заостанување од 15 бода.”
’Специјалниот’ потоа продолжи: “Очигледно е дека предноста што ја имаме во однос на второпласираната екипа е добра, и ја става во тешка позиција Барселона.”
“Но мораме да продолжиме да работиме во исто темпо, бидејќи Барса е одличен тим и лесно може да започне победничка серија.”
“Ќе се обидеме да победиме на секој натпревар и да стигнеме до титулата што е можно поскоро.”
“Доколку успееме да бидеме шампиони макар и со еден бод предност, тоа ќе биде успех за нас.”
