Мертесакер се соочува со долга пауза од терените

Арсен Венгер соопшти дека Пер Мертесакер имал операција на лигаментите на скочниот зглоб, па дефанзивецот подолго време ќе биде надвор од стројот

Германскиот репрезентативец се повреди минатата недела на средбата со Сандерленд, и во прв момент беше најавено дека тој ќе паузира околу четири недели.

 

Но очигледно се работи за посериозна повреда, а Арсен Венгер на денешната прес-конференција истакна дека Пер Мертесакер подолго време ќе биде надвор од стројот.

 

“За жал тој имаше операција на скочниот зглоб, го загубивме на подолго време.” – рече менаџерот на Арсенал.

 

“Не знам колку долго. Му беа реконструирани лигаментите, па се работи за подолго отсутво.”

 

На средбата со Милан се повреди Лорен Кошчелни, но повредата на дефанзивецот не е сериозна и тој би требало да се врати на терените за една недела.

 

“Резултатите од вчерашните тестови беа позитивни. Се надеваме дека ќе паузира само една недела.”

 

“Ќе го пропушти дуелот со Сандерленд, но би требало да се врати во тимот за средбата што се игра следниот викенд.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]