Болоња го посрамоти Интер, Наполи убедлив против Фиорентина

Болоња убедливо со 3-0 го победи Интер на Џузепе Меаца, Наполи со истиот резултат славеше на гостувањето кај Фиорентина.
Болоња го шокираше Интер, Нероазурите доживеаа срамен пораз на домашен терен.
 
Интер во натпреварот влезе со негативен скор од последните натпревари, се очекуваше дека Болоња е тимот кој ќе биде победен за враќање на позитивната атмосфера.
 
Но, тоа не се случи, Нероазурите претрпеа убедлив пораз од 3-0.
Ди Ваио постигна два гола за две минути, во 37. и 38. ја затресе мрежата на Жулио Цезар.
 
Конечните 3-0 ги постави Аквафреска на пет минути до крајот на натпреварот.
 
Ова е петти пораз на Интер во последните шест натпревари, столчето на Клаудио Раниери е сериозно разнишано.
 
За разлика од Интер, Наполи имаше фантастична увертира за натпреварот од Лигата на Шампионите против Челзи.
 
Тимот на нашиот Горан Пандев славеше на гостувањето кај Фиорентина со 3-0.
 
Кавани беше двоен стрелец за Наполи, еден погодок реализираше Лавеци.
 
Горан Пандев од клупата го започна натпреварот, во игра влезе во 73. минута на местото од Кавани.
 
Со овие три бода Наполи го помина Интер на табелата во Серија А и се искачи на петтата позиција.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]