Раниери: Нема да си поднесам оставка
Раниери им се извини на фановите и претседателот, но нема намера да поднесе оставка од кормилото на Интер.
Интер доживеа срамен пораз на Џузепе Меаца од Болоња со убедливи 3-0 и го забележа петтиот пораз на последните шест натпревари.
По ова ново големо разочарување, тренерското столче на Раниери е сериозно разнишано, но тој не планира да си поднесе оставка.
"Сите видовме, не го даваме она што можеме и поминуваме низ тежок период. Треба да ја превземеме одговорноста и да му се извиниме на нашиот претседател и фановите" - изјави Раниери по натпреварот.
Запрашан дали планира да си поднесе оставка, Раниери одговори:
"Не, не планирам такво нешто. Сите сме обединети да најдеме решение за надминување на ситуацијава. Тешко е да се вратите, но мораме".
