Ибрахимовиќ му порачува на Ван Перси да замине од Арсенал
Златан Ибрахимовиќ му порачува на Робин ван Перси да замине од Арсенал и да се пресели во тим каде што ќе освојува титули.
Робин ван Перси и неговиот Арсенал беа немоќни на Сан Сиро, загубија од Милан убедливо со 4-0 и уште во 1/8 финалето ќе го завршат настапот во Лигата на Шампионите.
Златан Ибрахимовиќ му порачува на Робин ван Перси доколку сака да освои нешто да го напушти Арсенал како што тоа го направи Сеск Фабрегас и замина во Барселона.
"Кога не освојувате ништо со години, луѓето разбираат зошто си заминувате, како во случајот на Сеск Фабрегас" - вели Ибрахимовиќ за Sun.
"Фудбалот се игра за победи. Доколку не победувате сакате да заминете. Не го знам Робин лично но се сеќавам на него кога беше во Холандија, каков талент беше, сега е комплетен фудбалер".
"Не знам што мисли тој но знам што би направил јас. Во мојот живот сум направил многу трансфери, тоа го прифаќав како предизвик, нова авантура".
"И освоив осум титули во осум години, играјќи за различни клубови во различни држави".
"Но доколку останев на едно место цела кариера, тоа е многу полесно за играње. Вие сте дома, во комфорна зона".
"Но доколку сте играле на пет различни места, тоа е вистински тест. Доколку успеете тогаш станувате вистински шампион, така добивате поголема почит".
