Челзи очаен и против Бирмингем, притисокот врз Вилаш Боаш се зголемува

Челзи не успеа да го победи Бирмингем, натпреварот на Стемфорд Бриџ заврши 1-1, ќе се игра повторен натпревар.
Лошата форма на Челзи продолжува, притисокот над Андре Вилаш Боаш дополнително се зголеми со ремито против Бирмингем на Стемфорд Бриџ.
 
Челзи влезе како голем фаворит против екипата од Чемпионшип девизијата, но одигра уште еден лош натпревар.
 
По една грешка на одбраната на Челзи, Марфи донесе водство за Бирмингем од 1-0.
 
Само две минути подоцна Челзи имаше голема шанса да го израмни резултатот, беше досуден пенал за Сините, но Хуан Мата не успеа да реализира.
 
Во второто полувреме, Челзи тргна посилно кон голот на гостите, тоа резултираше со погодок во 62. минута, Стариџ погоди со глава.
 
Фудбалерите на Вилаш Боаш се обидуваа да направат и комплетен пресврт, но тоа не се случи до крајот на натпреварот па патникот во 1/4 финалето ќе се решава на повторениот дуел во кој Бирмингем ќе биде домаќин.
 
Во текот на натпреварот фановите на Челзи јасно го покажаа своето незадоволство извикувајќи го името на Жозе Мурињо, тренерот кој му ги донесе најголемите успеси на клубот.
 
Челзи во лошо расположение во вторник му гостува на Наполи кој синоќа со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Фиорентина.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]