Гвардиола бара додатно време за да одлучи за својата иднина
Стратегот е под договор со актуелниот шампион на Шпанија до крајот на оваа сезона, и иако управата на Барса од поодамна има подготвено нов договор за Пеп Гвардиола, тој сеуште не одлучил за својата иднина.
Клубови од типот на Манчестер Сити, Челзи, и Интер добро внимаваат на ситуацијата на Гвардиола, и се подготвени да го ангажираат стратегот доколку тој не го продолжи договорот со Каталонците.
“Во моментов, преферирам да размислам малку подолго и кога ќе донесам одлука ќе го информирам клубот.” – рече Гвардиола.
“Знам дека нема да ми биде подобро во било кој друг клуб, но потребно ми е да чувствувам дека сум сигурен во изборот .”
“Не можам да работам во клуб со огромни барања доколку го немам потребниот квалитет.”
“Немам јасна идеја во моите мисли, па затоа не можам да кажам дали циклусот заврши или пак ќе биде продолжен.”
“Клубот сеуште не поставил краен рок и сум им благодарен за тоа. Доколку решат да постават краен рок, ќе разговараме и ќе донесеме одлука.”
“Се додека не се случи тоа, ќе се фокусирам на секојдневната работа.”
