Мурињо ги повикува фановите на Челзи и Интер да им дадат поддршка на своите тренери
Жозе Мурињо ги повикува фановите на Челзи и Интер да им дадат поддршка на своите тренери во тешкиот период кој го поминуваат.
Челзи и Интер поминуваат низ тежок период, поранешните екипи на Жозе Мурињо прикажуваат разочарувачки перформанси оваа сезона и се многу далеку од нивото на кое беа кога предводник им беше Португалецот.
На синоќешниот дуел од ФА Купот против Бирмингем, Челзи повторно потфрли, одигра само 1-1.
Фановите разочарани од настапот на нивниот тим го скандираа името на Жозе Мурињо.
Многу слично беше и на Џузепе Меаца, Интер реди порази во Серија А, па на дуелот со Болоња, фановите на Нероазурите го бараа Мурињо.
На Жозе Мурињо му оди одлично со Реал Мадрид оваа сезона и по синоќешната победа над Сантандер предноста над Барселона ја зголеми на 13 бода.
Тој им порачува на фановите на Челзи и Интер да им дадат поддршка на своите сегашни тренери, а на него да се сеќаваат само како на едно убаво минато.
"Мојата порака до фановите е дека јас многу ги сакам Челзи и Интер, но преферирам тие да им дадат поддршка на нивните тимови и тренери" - изјави Мурињо.
"Јас сум минато, многу добро минато, но повеќе не сум таму и тие треба да се борат заедно".
