Венгер: Да останеме обединети и да продолжиме да се бориме

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го повика неговиот тим да остане обединет и да продолжи да се бори.
Синоќа тимот на Арсенал доживеа уште еден тежок удар, беше поразен на гостувањето кај Сандерленд со што го заврши настапот во ФА Купот.
 
Критиките за игрите на Арсенал пристигнуваат од сите страни, но Венгер ги повикува своите фудбалери да останат обединети и да продолжат да се борат.
 
"Треба да ги прифатиме критиките од бордот, да останеме заедно и да се соочиме со критиките" - изјави Венгер.
 
"Единствен начин на кој може да одговориме во нашата работа е да останеме обединети и фокусирани за следниот натпревар".
 
"Ајде да се фокусираме сега на првенството да финишираме добро и да се бориме во Лигата на Шампионите и покрај тоа што таму шансите ни се мали".
 
Венгер ги критикуваше своите фудбалери по поразот од Милан, но вели дека против Сандерленд дале се од себе, го обвини судијата Хауард Веб за недосуден пенал кога Ван Перси во првиот дел беше срушен од Џон Ошеј.
 
"Мислам дека овој пат дадовме се што остана во нашите нозе".
 
"Имавме три гостински натпревари во една недела, тоа беше несреќен распоред за нас, тоа беше тешки терени за игра, но се боревме силно на овој натпревар".
 
"Мислам дека немавме среќа, тоа што не го досуди Господинот Веб, беше 100% пенал, а нивниот прв шут на нашиот гол влезе во мрежата".
 
"Имавме голем посед на топката, не креиравме многу шанси поради фантастичната одбрана на Сандерленд".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]