Ливерпул и Стоук ќе се сретнат во четврт-финалето од ФА Купот

Ливерпул и Стоук ќе се сретнат во четврт-финалето од ФА Купот, откако денеска обезбедија пласман во 6. рунда по победите над Брајтон односно Кроули

’Црвените’ на Енфилд славеа со убедливи 6-1 во дуелот со второлигашот Брајтон, а госите станаа првиот тим во историјата на ФА Купот што успеал да си постигне три авто-гола.

 

Лиам Бридкат два пати ја затресе сопствената мрежа, а еднаш истото го стори и Луис Данк, па фудбалерите на Брајтон му го олеснија пласманот на Ливерпул во четврт-финалето од ФА Купот.

 

Избраниците на Кени Далглиш добро го започнаа натпреварот и поведоа веќе во 5. минута преку погодокот на Шкртел, кој ја смести топката во мрежата на Брајтон по корнерот на Џерард.

 

Но тимот од Чемпионшип дивизијата успеа да го изедначи резултатот во 17 минута, кога прекрасен погодок постигна ЛуаЛуа.

 

Сепак, до крајот на првиот дел ’Црвените’ ја вратија предноста благодарејќи на несреќниот авто-гол на Бридкат.

 

На 3-1 зголеми Енди Керол во 57. минута, а потоа следеа уште два авто-гола на гостите.

 

Во 71. Бридкат по втор пат ја затресе сопствената мрежа, а три минути подоцна многу неспретно реагираше Данк, кој иако можеше многу лесно да ја расчисти топката, реши да експериментира и на крајот плати со погодок во сопствената мрежа.

 

Луис Суарез промаши пенал во 80. минута, но Уругваецот успеа да се запише во листата на стрелците во 84. минута и ги постави конечните 6-1 за Ливерпул.

 

Стоук иако имаше играч помалку, славеше со 2-0 на гостувањето кај четвртолигашот Кроули.

 

Џон Волтерс со удар од белата точка во финишот на првото полувреме го отвори резултатот, а Питер Крауч на стартот на вториот дел се запиша во листата на стрелците и ја осигура победата за Стоук.

 

Тотенхем одигра натпревар без погодоци на гостувањето кај Стивенејџ, па на 6. март, ’Спарси’ ќе имаат реванш и нова прилика за да се изборат во следната рунда.

 

Во меѓувреме, денеска беа извлечени и двојките за четврт-финалето од ФА Купот.

 

Ливерпул ќе игра против Стоук, Евертон против Сандерленд, Лестер Сити ќе гостува кај подобриот од реванш средбата помеѓу Челзи и Бирмингем, а победникот во повратниот натпревар помеѓу Тотенхем и Стивенејџ ќе го пречека Болтон.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]