Заврши сезоната за Евер Банега поради бизарна повреда
Аргентинецот ваквата тешка повреда ја заработил на бизарен начин, откако бил прегазен од сопствениот автомобил.
Извештаите велат дека Евер Банега по вчерашниот тренинг се упатил на бензиска пумпа да наточи гориво.
При излегувањето од автомобилот, фудбалерот заборавил да ја повлече рачната сопирачка, па во еден момент колата почнала да се движи по што левата нога на Банега била заглавена помеѓу ивицата од тротоарот и тркалото.
Фудбалерот се здобил со фрактури на тибијата и фибулата па денеска ќе замине на операција, а според лекарскиот тим на Валенсија, Банега сигурно ќе биде надвор од стројот околу шест месеци.
23 годишниот Банега, за кого сезоната е завршена, преку својот Твитер профил се заблагодари за поддршката што ја добива од фановите: “Ви благодарам на сите за силната поддршка и охрабрувачките пораки што ги добивам.“
