Мурињо: Мојата иднина не зависи од успех во Лигата на Шампионите
По триумфот во најелитното Европско натпреварување со Порто, Жозе Мурињо го напушти Драгао Стадионот и се пресели во Челзи, а истото го стори и пред две години кога го превзеде кормилото на Реал Мадрид по триумфот со Интер во Лигата на Шампионите.
“Не заминав од овие два клуба поради триумф во Лигата на Шампионите.“ – рече Мурињо.
“Од Порто заминав бидејќи мислам дека е право време за таков потег, имав други амбиции.“
“Кога бев во Интер, одлуката за заминување ја донесов пред финалето.“
Запрашан дали сега повеќе ќе се фокусира на Лигата на Шампионите со оглед на тоа дека Реал во Ла Лига има солидна предност од 10 бода во однос на Барселона, ’Специјалниот’ рече: “За мене, првенството, во оваа концепција, е многу важно бидејќи најдобриот тим секогаш победува.“
“Во Лигата на Шампионите, не секогаш победува најдобриот тим.“
“Кога ќе триумфирате во првенството, тоа е од голема корист за самодовербата на тренерот, бидејќи тој знае дека одлично си ја завршил работата во текот на целата година.“
“Во првенството, нема да прокоцкаме ниту еден бод, и на секој натпревар ќе му пристапиме како да имаме ист број на бодови со Барселона.“
“Доказ за тоа е дуелот со Расинг, на кој настапивме со прв тим и покрај тоа што во вторник играме со ЦСКА Москва во Лигата на Шампионите.“
