Данте не знае ништо за неговиот трансфер во Баерн

Дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах, Данте ги отфрла гласините кои го поврзуваат со трансфер во Баерн Минхен

Во последните неколку дена се појавија голем број на стории кои велеа дека Баерн Минхен ќе ја платат откупната клаузула од 4,6 милиони евра во договорот на Данте со Борусија Менхенгладбах.

 

Исто така се говореше дека 28 годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со Баварците, и се обврзал кон тимот од Минхен до 30. јуни 2016.

 

Но самиот Данте вели нема вистина во ваквите шпекулации.

 

“Луѓето кои велат дека мојот трансфер во Баерн е договорен очигледно знаат повеќе од мене.“ – рече Данте.

 

“Имам договор со Борусија Менхенгладбах и сум среќен тука.“

 

“Секако, Баерн Минхен е топ клуб, клуб од светска класа. Не сум единствениот кој го говори ова, многу други фудбалери го имаат кажно истото претходно. Во Баерн има одлични фудбалери, и многумина сонуваат да играат таму еден ден.“

 

“Но факт е дека јас имам договор со Борусија Менхенгладбах со трајност до 30. јуни 2014, и во момемнтов тоа е се што можам да кажам.“


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]