Дефанзивецот на Келн, Пезони нокаутиран во диско
Дефанзивецот на Келн, Кевин Пезони ја поминал ноќта во болница откако во диско бил нокаутиран од непознат фан
22 годишниот Германец со својата девојка излегол во диско за да го прослави карневалот во Келн.
Но наместо да се забавува, тој вечерта ја поминал во болница откако еден непознат фан, без никаква причина, му удрил бокс.
“Веднаш повикав полиција.” – рече Пезони за медиумите од Германија. “Ми се стемни, па бев пренесен на интензивна нега.”
По извршените тестови било утврдено дека дефанзивецот заработил скршеница на носот.
Ова не е прв инцидент за Келн, откако минатата недела сообраќајна несреќа направи Мишо Бречко, кој враќајќи се од забава излетал од патот со своето BMW X5. Полицијата кај Словенецот најде 1,6 промили алхохол во крвта.
