Ромарио фаќа врски за својот син кај Гвардиола и Росел
18 годишниот Ромарињо, кој игра на позицијата офанзивен фудбалер од средниот ред, во овој момент настапува за младинскиот тим на Васко Да Гама.
Ромарио очигледно го сака најдоброто за својот син па ќе се обеде да му обезбеди преселба во актуелниот шампион на Шпанија и Европа.
“Ќе се обидам да го однесам мојот син во Барселона.” – рече Ромарио.
“Наскоро ќе разговарам со претседателот на Барселона (Сандро Росел) и со Пеп Гвардиола.”
По ваквите изјави на Ромарио, Ромарињо преку својот Твитер профил истакна дека тој нема желба да се пресели на Камп Ноу, и во моментов ова е само план на неговиот татко.
Ромарио на Камп Ноу помина две сезони, и го носеше дресот на Каталонците од 1993 до 1995.
Значаен успех забележа во сезоната 1993/94, кога играјќи во ’дрим тимот’ на Јохан Кројф, покрај Стоичков, Гвардиола, Куман и Лаудруоп, постигна 30 погодоци на 33 натпревари во Ла Лига.
