Снајдер одбил понуда од Зенит
Трансфер пазарот во Русија сеуште е отворен и Зенит е во потрага на замена за повредениот Дани, кој ќе паузира подолго време.
Се говори дека тимот од Санкт Петерсбург се обидува да го ангажира Милош Красиќ од Јувентус, а се споменува и името на Весли Снајдер.
Холандскиот репрезентативец потври дека добил интересна понуда, но ја одбил бидејќи верувал дека ова не е прав момент за да замине од Интер.
“Понудата на Зенит беше навистина интересна, тие беа подготвени да одат далеку со цел да стигнат до мојот потпис.” – рече Снајдер за Voetbal International.
“Нема ништо погрешно во нивната понуда.”
“Сепак, мислам дека ова не е прав момент за да го напуштам Интер.”
