Балдини: Луис Енрике ќе остане во Рома

Директорот на Рома, Франко Балдини ги отфрла гласините кои го поврзуваат Луис Енрике со преселба во Барселона

Шпанецот го превзеде тренерското столче на Риската Волчица минатото лето, откако претходно помина три години на кормилото на Барселона Б.

 

Се шпекулира дека Луис Енрике би можел да се врати на Камп Ноу доколку Пеп Гвардиола реши да не го продолжи договорот со актуелниот шампион на Шпанија и Европа.

 

Извештаите велеа дека во договорот на Енрике со Рома има клаузула според која стратегот може да ја прекине соработката со Римската Волчица, и да се врати во Барселона, доколку му биде понудена можноста да го предводи првиот тим на Каталонците.

 

Сепак ваквите стории ги негираше Франко Балдини, кој вели дека Луис Енрике останува на Олимпико.

 

Директорот на Рома за медиумите од Италија рече: “Луис ќе остане со нас до 2013, и тоа е сигурно.”

 

“Нема клаузули во неговиот договор, и неговата иднина со нас не е под знак прашалник.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]