Барса нема да плаќа луди суми за ангажман на Бејл и Ван Перси
Се најавува дека актуелниот шампион на Шпанија летоска ќе ангажира нови фудбалери од светска класа, а најчесто се споменуваат имињата на Герет Бејл од Тотенхем и Робин ван Перси од Арсенал.
Потпретседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу признава дека Бејл и Ван Перси се квалитетни фудбалери, но додава дека тие не се подготвени да понудат луда сума за нивен ангажман.
Вредноста на двајцата фудбалери се проценува на преку 40 милиони евра, а Бартомеу вели дека е невозмжно Барса да одвои толку пари за некој фудбалер.
“Овие фудбалери се навистина добри, но секогаш е потребен здрав разум во преговорите.“ – рече Бартомеу.
“Не сакаме и нема да бидеме инволвирани во луд трансфер пазар, невозможно е Барса да плати 40 или 50 милиони евра за некој фудбалер.“
“Ова е одлука на клубот.“
“Не можеме да се бориме на трансфер пазарот против секој клуб. Но имаме одредена предност, бидејќи фудбалерите сакаат да играаат за Барселона.“
