Кел го продолжи договорот со Дортмунд за уште една година
32 годишниот Германец беше под договор со актуелниот шампион во Бундеслигата до 30. јуни, но поради добрите перформанси на фудбалерот оваа сезона, управата на ’Милионерите’ реши да го задржи Кел на Сигнал Идуна Парк и во сезоната 2012/2013.
“Борусија Дортмунд го продолжи договорот на Себастијан Кел за уште една година (со опција за уште една додатна година) до 30. јуни 2013.” – гласеше соопштението на моменталниот лидер во Бундеслигата.
Откако ја продолжи верноста, капитенот на Борусија Дортмунд рече: “За мене и моето семејство, Борусија Дортмунд е многу специјален клуб.”
“Ми претставува огромно задоволство тоа што ќе можам и во иднина да давам допринос за позитивен развој на Борусија Дортмунд.”
Кел пристигна во Дортмунд на почетокот од 2002, и тогаш важеше за голема надеж на германскиот фудбал.
Но поради честите повреди, Кел не беше во можност во целост да го покаже сојот раскошен талент.
