Наполи го совлада Челзи; Реал ремизираше на гостувањето во Москва

Наполи се врати од гол негатива и славеше со 3-1 во дуелот со Челзи пред своите фанови, ЦСКА Москва во последните мигови од средбата се избори за реми во дуелот со Реал Мадрид

Расте притисокот врз Андре Вилаш Боаш по новиот пораз што го доживеа Челзи.

 

Иако ’Сините’ поведоа на гостувањето на Сан Паоло, Петр Чех во три наврати ја вадеше топката од својата мрежа, па Челзи е пред тешка задача за пласман во четврт-финалето од Лигата на Шампиони.

 

Кавани и Маџо имаа прилика да го отворат резултатот, но гостите од Лондон први дојдоа во водство, откако голема грешка направи Канаваро, а Мата рутински ја затресе мрежата на Де Сантис во 27. минута од средбата.

 

’Сините’ потоа имаа прилика и за 2-0, но ударот со глава на Давид Луиз, по корнерот од десната страна, заврши над голот.

 

Но Наполи успеа за брзо време да ги консолидира редовите и да стигне до изедначување во 38. минута. Лавеци од 20 метри одлично ја пласираше топката и ја затресе мрежата на Чех.

 

Во судиското надополнување на првиот дел, домакините направија комплетен пресврт. Инлер нафрли од десната страна, Кавани на втората статива стигна прв до топката покрај двајца дефанзивци на Челзи, и успеа да постигне гол.

 

Челзи го подигна нивото на игра во второто полувреме, и гостите се заканија преку ударите на Мата и Малуда.

 

На спротивната страна Лавеци имаше одлична шанса за погодок, но биеше само покрај голот.

 

Сепак Аргентинецот не промаши во 65. минута, кога му донесе на Наполи предност од 3-1. Кавани украден една топка од невнимателниот Давид Луиз, го проигра Лавеци, кој без проблем ја смести топката во мрежата на Челзи.

 

Наполи потоа можеше да забележи и уште поубедлива победа, но ударот на Маџо од гол линија го расчисти Ешли Кол.

 

На вториот денешен натпревар, ЦСКА Москва се избори за реми од 1-1 во дуелот со Реал Мадрид.

 

И покрај тоа што Кралевите требаа да се адаптираат на ниските температури во Москва, одиграа добро прво полувреме и поведоа преку полу-волејот на Кристијано Роналдо во 28. минута.

 

Сепак, ЦСКА Москва заигра многу подоброа во вториот дел, докамините покажаа солидни перформанси и нивниот труд беше награден со погодок во третата минута од судиското надополнување, кога во листата на стрелците се запиша Вернблом.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]