Мацари: Овој тим продолжува да ме изненадува

Валтер Мацари не го крие задоволството по победата над Челзи, но знае дека работата сеуште не е завршена.
Наполи синоќа импресионираше со одлични перформанси и победа над Челзи од 3-1.
 
Тимот на Горан Пандев можеше да победи уште поубедливо но шансите на Кавани, Лавеци, Маџо останаа нереализирани.
 
Мацари кој поради суспензија не можеше да биде на клупата на Наполи, е презадоволен од перформансите на своите фудбалери но знае дека треба да се одигра одлично и на Стемфорд Бриџ.
 
"Можевме да постигнеме и четврти гол но немавме среќа што шутот на Маџо во финишот не заврши во голот" - вели Мацари.
 
"Штата бидејќи ќе бевме помирни со водство од три гола. Челзи е многу силен на домашен терен па ќе треба уште еднаш да прикажеме одлични перформанси".
 
"Денес имавме лош период само десет минути откако го примивме голот по несреќната грешка на Канаваро".
 
"Овој тим продолжува да ме изненадува. По одличниот старт, успеавме и да се вратиме по примениот гол. Оваа сезона играме одлично на големите натпревари".
 
"Целосно сме свесни дека сеуште не сме во 1/4 финалето. Дури и денес видовме дека Челзи има одлични фудбалери кои лесно можат да постигнат два гола дома".
 
"Среќен сум што веќе игравме во Англија во групната фаза против Манчестер Сити. Па знаеме од прилика што да очекуваме во Лондон".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]