Кројф: Гвардиола е интелегентен и нема да ја остави Барса во проблеми

Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона, Јохан Кројф очекува Пеп Гвардиола во скоро време да ја соопшти одлуката за својата иднина

Минатата недела Пеп Гвардиола изјави дека сеуште нема јасна слика за својата иднина, и побара додатно време за да одлучи дали останува на Камп Ноу.

 

Стратегот е под договор со Барселона до 30. јуни, и бидејќи сеуште нема донесено одлука за продолжување на верноста, медиумите почнаа да шпекулираат за можни наследници на Гвардиола на кормилото на актуелниот шампион на Шпанија.

 

Поранешниот фудбалер и тренер на Барса, Јохан Кројф очекува Гвардиола во скоро време да ги соопшти плановите за сопствената иднина, и додава дека стратегот е доволно интелегентен за да не го остави клубот во проблеми.

 

“Доколку Гвардиола не се двоумеше, веднаш ќе донесеше одлука.” – рече Кројф.

 

“Мислам дека нема да чекаме два месеци за да дознаеме што одлучил.”

 

Холанѓанецот потоа додаде: “Гвардиола играше за Барселона, а сега е тренер. Тој е вистински човек на клубот, и е доволно интелегентен за да не ја остави Барса во проблеми. ”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]