Раниери: Долго време чекавме дуел како овој со Марсеј
Нероаѕурите имаа лош старт на сезоната, потоа следеше добар период со девет победи од десет средби во Серија А, но Интер сега одново се наоѓа на резултатска криза.
Од последните пет средби во домашното првенство Интер освои само еден бод, па притисокот врз Клаудио Раниери е огромен.
Вечерва Нероаѕурите гостуваат на Велодром во првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на Шампионите, и Клаудио Раниери вели дека дуелот со Марсеј може да биде пресвртница во нивната сезона.
“Оваа сезона е многу чудна, стартувавме лошо, потоа имавме добра серија, за сега одново да поминуваме низ тежок период, но се надеваме дека средбите од Лигата на Шампионите ќе го променат тоа.” – рече стратегот на Интер.
“Можеби ќе продолжиме со падовите и искачувањата во Серија А, но на овие фудбалери им е потребен голем натпревар за да се фокусираат, потребен им е адреналин.”
“Лигата на Шампионите може да ни го обезбеди тоа.”
За можноста да добие отказ доколку Интер загуби од Марсеј, Раниери рече: “Не размислувам за тоа што може да се случи по натпреварот.”
“Не барам од фудбалерите да играат за мене, барам да играат за Интер. Воопшто не чувствувам притисок и покрај тоа што резултатите се против мене.”
“Имаме обврска да одговориме соодветно. Мораме да прикажеме добри перформанси. Знаеме дека нема да биде лесно, но ова е тип на натпревар кој ве возбудува.“
Стратегот на Интер потоа додаде: “Мило ми што одново се среќавам со Дидие Дешамп, имам огромна почит кон него.”
“Слушнав како тој вели дека Интер е фаворит, и можеби е во право, бидејќи Интер пред две години освои се.”
“Сепак, не е се толку едноставно. Ние сега поминуваме низ еден тежок период, додека пак Марсеј е во добра форма.”
