Видео: Милан застана во одбрана на Ибра по инцидентот пред Миланело
Шведскиот репрезентативец и онака има доволно проблеми на фудбалскиот терен, па сега се најде во центарот на вниманието и поради инцидент што се случи надвор од теренот.
Златан Ибрахимовиќ, по вчерашниот тренинг, напуштајќи го спортскиот центар Миланело, со ретровизорот од своето Audi поткачи една жена, која со микрофон во рака очигледно сакаше да земе изјава од напаѓачот.
Анонимната жена, која се претставила како новинарка, потоа била примена во болница со повреда на раката, и најавила дека ќе поднесе тужба кон Ибрахимовиќ.
Многумина упатија критики на адреса на шведскиот репрезентативец, и покрај тоа што жената стоеше на сред улица.
Актуелниот шампион на Италија денеска се огласи по целиот инцидент, и застана во одбрана на својот фудбалер.
’Росоњерите’ инсистираат дека Ибрахимовиќ не може да биде посочен како виновник доколку се завземе објективен став околу целата случка.
Во меѓувреме, се говори дека полицијата би можеле да го повика на информативен разговор Ибрахимовиќ, бидејќи напаѓачот не застанал по инцидентот.
