Сити го прегази Порто и се пласира во 1/8 финалето од Лига Европа
Манчестер Сити со убедливи 4-0 го победи бранителот на титулата, Порто и се пласираше во 1/8 финалето од Лига Европа.
Манчестер Сити уште еднаш подобар од Порто, Граѓаните со убедливи 4-0 го прегазија бранителот на титулата во Лига Европа и со вкупни 6-1 се пласираа во 1/8 финале.
Потопот на Порто беше најавен уште во првата минута кога по убава асистенција од Јаја Туре, Агуеро постигна гол за водство на Сити од 1-0.
Овој резултат траеше долго, се до 76. минута кога по додавање од Агуеро, Един Џеко зголеми на 2-0.
Во 86. минута Пизаро го пронаоѓа Давид Силва кој зголеми на 3-0.
Две минути подоцна Давид Пизаро и самиот се запиша во листата на стрелците, го постигна својот деби гол за Сити за конечен резултат од 4-0.
