Раниери верува дека Интер ќе се пласира во 1/4 финале

Клаудио Раниери е задоволен од играта на Интер, не и од резултатот, верува дека можат да го поминат Марсеј и да се пласираат во 1/4 финале од ЛШ.
На синоќешното гостување кај Марсеј, Интер прими гол во судиското продолжение и загуби со минимални 1-0.
 
Продолжува кризата на Нероазурите, но Раниери верува дека следуваат подобри денови.
 
"Имаме и недостаток на среќа во последните неколку недели. Вечерва примивме гол кога натпреварот речиси беше завршен, а до тој момент го контролиравме Марсеј" - изјави Раниери по натпреварот.
 
"Во секој случај, покажавме дека сеуште сме во живот и можеме да го свртиме резултатот на нашиот полн стадион".
 
"Според мене одигравме онака како што требаше, креиравме неколку шанси без да превземеме ризик. За жал не искористивме ниту една од нив, а Жулио Цезар единствената одбрана ја имаше пред корнерот од кој постигнаа гол".
 
"Реваншот ќе биде тежок но доволно сме добри да постигнеме два гола во Милано, па тоа ќе биде интересен натпревар".
 
"Разочаран сум од крајниот резултат, но задоволен од приодот на натпреварот, од духот и посветеноста".
 
"Единствен начин да го надминеме овој тежок период е да работиме напорно".
 
"Диего Форлан и Мауре Зарате беа мојот прв избор за нападот бидејќи ми беа потребни двајца брзи фудбалери со добра техника".
 
"Во вториот дел Маикон беше повлечен од игра поради повреда на десното колено, но ќе ги почекаме деталните прегледи за да ја видиме тежината на повредата".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]