Дешамп: Победивме на италијански начин
Тренерот на Марсеј, Дидие Дешамп е задоволен од победата над Интер и се надева на пласман во 1/4 финалето од ЛШ.
Со гол во судиското продолжение Марсеј дојде до важна победа над Интер во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Шампионите.
Дешамп кој пет години настапуваше во дресот на Јувентус, вели дека синоќа неговиот тим победил во италијански стил.
"Големо е задоволството кога ќе победите. Вообичаено гол на крајот од натпреварот е типично за италијанските тимови, но ние одигравме одличен натпревар против многу силен тим" - вели Дидие Дешамп.
"Во последната четвртина од натпреварот силно притиснавме и голот на Андре Ајев ја направи разликата".
"Им реков на моите фудбалери да притиснат, секогаш постои ризик кога ќе играте така, да бидете казнети на крајот, но постигнавме гол во последната минута па тие немаа шанса да се вратат".
"Сега мораме да бидеме амбициозни и да отидеме таму со намера да го поминеме Интер".
