Динамо Киев со Горан Попов дојде до значајна победа против Бешикташ
Горан Попов со Динамо Киев дојде до важна победа против Бешикташ, Тотенхем го победи Рубин Казан, Лацио ремизираше со Цирих, Атлетик Билбао не успеа да слави против Салзбург.
Горан Попов ги одигра сите 90 минути, а Динамо Киев дојде до важна победа од 1-0 против Бешикташ која беше изборена во самиот финиш од натпреварот.
Гармаш во последните моменти од натпреварот го постигна победничкиот гол за Динамо.
Тотенхем со погодокот на Павличенко во 34. минута дојде до победа против Рубин Казан.
Лацио одигра 1-1 на гостувањето кај Цирих.
Скули во 22. минута му донесе водство на Лацио, тоа траеше само една минута кога Никци израмни на 1-1.
Атлетик Билбао влезе како голем фаворит во дуелот со Салзбург, но се спасуваше од пораз во вториот дел од натпреварот.
Гостите поведоа со головите на Валнер и Леонардо, Љоренте со два погодока од пенал во второто полувреме израмни на 2-2.
Резултати од натпреварите кои започнаа од 21:05ч.:
Група А
ПАОК - Шамрок 2:1
Тотенхем - Рубин Казан 1:0
Група Б
Хановер - ФК Копенхаген 2:2
Стандард Лиеж - Ворскла 0:0
Група Ц
Хапоел Хаифа - ПСВ 0:1
Рапид Букурешт - Легија 0:1
Група Д
Спортинг Лисабон - Васлуи 2:0
Цирих - Лацио 1:1
Група Е
Динамо Киев - Бешикташ 1:0
Стоук - Макаби Тел Авив 3:0
