Сломка: Незгодно реми за нас

Стратегот на Хановер 96, Мирко Сломка оцени дека ремито на неговиот тим со тимот на Копенхаген од 2-2 е доста непријатен резултат

И покрај тоа што Хановер пред натпреварот со данскиот претставник во Лигата на Европа беше апсолутен фаворит, не успеа да ја оправда таквата улога и да ги освои потребните 3 бода со кои би избил на врвот во групата „Б“.

 

Избраниците на Мирко Сломка во поголемиот дел од мечот ја имаа иницијативата на своја страна но дуелот од третото коло во Лигата на Европа заврши со поделба на бодовите.

 

„Тоа беше толку нервирачки затоа што ова беше добра шанса за нас да ја забележиме првата победа пред  домашната публика“- гласеше кусата анализа на Сломка по натпреварот.

 

„Тимот на Копенхаген е искусен и не е залудно во завршницата на Евролигата но ние имавме добра можност за триумф. Ние бевме подобриот тим и имавме повеќе шанси за победа. Можеби единствено што ни недостасуваше беше меѓународно искуство“– заклучи тој.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]