Познати се сите учесници на Европското првенство 2012
Со завршувањето на бараж натпреварите, комплетиран е списокот на учесници на Европското првенство во Полска и Украина.
Хрватска, Чешка, Република Ирска и Португалија се последните патници на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Полска и Укарина.
Овие четири репрезентации им се приклучија на двете селекции домаќини како и на оние кои преку квалификациите изборија директен пласман на натпреварувањето.
16. репрезентации учеснички на ЕВРО 2012:
Полска
Украина
Шпанија
Хрватска
Чешка
Данска
Англија
Франција
Германија
Грција
Италија
Холандија
Португалија
Република Ирска
Русија
Шведска
Ждребката за групите на Европското првенство ќе се оддржи на 2. декември во Киев. Турнирот започнува на 6. јуни 2012 финалето се игра на 1 јули.
