Шпанија и Холандија ќе бидат носители на ждребката за ЕП 2012
Одредени се носителите за ждребката на групите за Европското првенство 2012, Шпанија и Холандија заедно со земјите домаќини ќе бидат во првиот шешир.
Денес, во седиштето на УЕФА беа одредени носителите за ждребката на групите за Европското првенство која ќе се оддржи во Киев на 2 декември.
Шпанија и Холандија се носителите кои ќе бидат во првиот шешир заедно со домаќините Полска и Украина.
Останатите 12 репрезентации се распоредени во преостанатите три шешири според нивниот коефициент.
Шешир 1: Шпанија, Холандија, Полска, Украина
Шешир 2: Германија, Италија, Англија, Русија
Шешир 3: Хрватска, Грција, Шведска, Данска
Шешир 4: Португалија, Франција, Република Ирска, Чешка
