Чех: Не беше лесно, но успеавме
Петр Чех не го крие задоволството по пласманот на Чешка на Европското првенство.
Чешка со две победи над Црна Гора во бараж натпреварите, обезбеди пласман на завршницата во Полска и Украина.
Еден од најдобрите поединци во чешката репрезентација беше Петр Чех чија мрежа остана незатресена во двата дуели.
Голманот на Челзи е задоволен од настапот на неговата селекција во баражот и среќен поради пласманот на Европското првенство.
"Тоа беше тешко гостување за нас и среќни сме што добро го завршивме" - вели Пет Чех.
"Во првото полувреме го направивме она што го посакувавме, го задржавме противникот подалеку од опасната зона".
"По паузата им дозволивме да бидат поопасни. Тие се тежок тим, но успеавме да ги победиме два пати и мораме да бидеме задоволни".
