Официјално: Турција и Гус Хидинк се разделија

Фудбалската Федерација на Турција соопшти дека договорот на Гус Хидинк е раскинат на взаемна согласност

Турција вчера доживеа елиминација во плеј-оф дуелот со Хрватска за пласман на Европското Првенство што следното лето ќе се одржи во Полска и Украина.

 

По ваквиот развој на настаните, јасно беше дека стратегот нема да остане на селекторското столче на Турција и попладнево Фудбалската Федерација на Турција реши пред време да ја прекине соработката со Гус Хидинк, чиј договор истекуваше во јули 2012.

 

Соопштението на ФФТ гласеше: “По состанокот помеѓу извршниот комитет на Фудбалската Федерација на Турција и селекторот Гус Хидинк, беше одлучено да се раскине договорот на Холанѓанецот на взаемна согласност.”

 

“Сакаме да му се заблагодариме на господинот Гус Хидинк за неговата работа во изминативе 20 месеци и му посакуваме се најдобро во иднина.”

 

Се очекува голем број понуди да пристигнат на адреса на Гус Хидинк, кој вчера најави дека е отворен за враќање во Англија но нагласи дека нема да се брза со изборот за следната негова работа.

 

“Сеуште не сум одлучил за иднината, ќе одморам одреден период па потоа ќе видиме што ќе се случи. Но поминав прекрасен период во Англија.” - рече Хидинк вчера.

 

“Беше одлично кога работев во Челзи, извонреден период, но тоа не значи дека сум подготвен да започнам со работа уште утре. Потребно ми е време за добро да размислам.”

 

Медиумите шпекулираат дека до стратегот сигурно ќе пристигнат богати понуди од Анжи и ПСЖ.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]