Бенто: Карваљо и Босингва на ЕВРО 2012 можат да бидат само гледачи
Карваљо во август, на подготовките за дуелот со Кипар во рамките на квалификациите за ЕВРО 2012, без дозвола го напушти тренинг кампот на репрезентацијата и подоцна соопшти дека повеќе нема да настапува за Португалија поради лошиот третман што го добивал од селекторот Паоло Бенто.
Минатата недела од националниот дрес се откажа и Жозе Босинга, а десниот бек на Челзи исто така го посочи Паоло Бенто како причина за неговата одлука.
Откако Португалија вчера обезбеди пласман на Европското Првенство, што следната година ќе се одржи во Полска и Украина, Паоло Бенто нагласи дека нема да прифати извинување од Карваљо и Босингва.
“Не постои извинување што ќе може да ги поправи работите.” – рече Бенто. “Тие можат да бидат само гледачи на Европското Првенство.”
