Танго 12 е официјалната топка за ЕВРО 2012
"Танго 12" e топката со која ќе се игра Европското првенство во Украина и Полска идната година.
"Танго 12" се вика топката со која ќе се игра Европското првенство во Украина и Полска идната година.
Новата топка на Адидас со која ќе се игра Европското првенство требаше да биде промовирана во петок кога ќе биде извршен ждребот, но медиумите ја открија тајната, Танго 12 ќе се тркала во Полска и Украина.
"Топката ЕВРО 2012 е револуционерно достигнување на нашата компанија. Танго 12 е дизајнирана според најсовремените стандарди. Во моментов ја тестираат фудбалерите на Баерн Минхен и Милан. Коментарите од фудбалерите се дека е многу подобра од досегашните" - вели директорот на Адидас, Герберт Хајнер.
Ждребката за групите на ЕВРО 2012 и промоцијата на Танго 12 ќе се одржи во петок со почеток во 18.00 часот.
