Шест нови патници во 1/16 финалето од Лига Европа

Брага, Атлетико Мадрид, Металист, ПАОК, Стандард и Хановер вечерва обезбедија пласман во 1/16 финалето од Лига Европа.
Во вечерашните натпревари од Лига Европа, на коло пред крајот шест нови екипи успеаа да ја чекираат картата за селиминационата фаза од Лига Европа.
 
Брага со победа од 1-0 против Бирмингем обезбеди пласман во 1/16 финалето.
 
Виана во 51. минута беше стрелецот на погодокот за домаќините.
 
Со идентични 1-0 Атлетико Мадрид победи на гостувањето кај Селтик, Арда Туран беше херојот за шпанскиот тим постигнувајќи го победничкиот гол во 30. минута.
 
Металист убедливо со 4-1 ја совлада екипата на Австрија Виена.
ПАОК дојде до голема победа против Тотенхем на Вајт Харт Лејн, триумфираше со 2-1.
 
Грчкиот тим поведе со 2-0 со головите на Салпингидис и Атанасидис.
Тотенхем преку Модриќ од пенал намали во 39. минута.
 
Спарси со сите сили се обидуваа да направат пресврт, се играше викторија пред голот на ПАОК кој со крајни сили успеа да се одбрани и да обезбеди пласман во следната фаза.
 
Стандард го победи Хановер со 2-0, но на крајот и двете екипи можат да бидат задоволни, и двете се пласираа во 1/16 финалето откако Ворскла и Копенхаген одиграа нерешено.
 
Супер интересно беше во Марибор, домаќинот водеше со 3-0 се до 74. минута кога Клуб Бриж ја почна серијата од четири гола и на крајот славеше со 4-3.
 
Резултати од вечерашните натпревари во Лига Европа:
 
Група А
 
Рубин Казан - Шамрок 4:1
Тотенхем - ПАОК 1:2
 
Група Б
 
Стандард - Хановер 2:0
Ворскла - Копенхаген 1:1
 
Група Ц
 
Легија - ПСВ 0:3
Рапид Букурешт - Хапоел Тел Авив 1:3
 
Група Г
 
Малме - АЗ Алкмар 0:0
Металист - Австрија Виена 4:1
 
Група Х
 
Брага - Бирмингем 1:0
Марибор - Клуб Бриж 3:4
 
Група И
 
Селтик - Атлетико Мадрид 0:1
Рен - Удинезе 0:0
 

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1445
Баерн Минхен [46.37%, 670 гласови]
Челзи [53.63%, 775 гласови]