Шалке, Локомотив Москва и Стоук обезбедија 1/16 финале во Лига Европа
Шалке, Локомотив Москва и Стоук на коло пред крајот се пласираа во 1/16 финалето од Лига Европа.
По вечерашните дуели од Лига Европа, уште три екипи обезбедија пласман во елиминационата фаза во ова натпреварување.
Шалке, Локомотив Москва и Стоук се пласираа во 1/16 финалето.
Динамо Киев долго време имаше водство на гостувањето со Стоук, но Кенвејн Џонс постигна гол со глава на десет минути пред крајот и му го донесе потребниот бод на својот тим.
Раул Гонзалес го постигна победничкиот гол за Шалке против Стеауа, за победа од 2-1 и пласман во 1/16 финале.
Локомотив Москва на свој терен дојде до очекувана победа против Штурм од 3-1 со која ги продолжува натрпеварите во Лига Европа.
Резултати од вечерашните натпревари во Лига Европа:
Група Д
Васлуи - Лацио 0:0
Спортинг Лисабон - Цирих 2:0
Група Е
Макаби Тел Авив - Бешикташ 2:3
Стоук - Динамо Киев 1:1
Група Ф
Атлетик Билбао - Слован Братислава 2:1
Салзбург - ПСЖ 2:0
Група Ј
АЕК Ларнака - Макаби Хаифа 2:1
Шалке - Стеауа Букурешт 2:1
Група К
Твенте - Фулам 1:0
Оденсе - Висла Краков 1:2
Група Л
Локомотив Москва - Штурм 3:1
АЕК - Андерлехт 1:2
